Голем успех за македонскиот бодибилдинг во Санта Сузана во Шпанија. На 75-то Светско првенство во фитнес и бодибилдинг македонската репрезентација, поточно Мери Акиевска стана апсолутен победник.
Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 сантиметри кај јуниорите и сениорите, но таа успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајќи ги шампионките од другите висински категории.
View this post on Instagram
„Не може да се опише, 4 пати ечеше химната на Македонија, 4 пати капеа солзи од среќа. Македонија го освои Светското злато Јуниорска , Сениорска Категорија со две Апсолутни во двете категории. Луѓенца пресреќна сум. Ви благодарам на целосната подршка и што бевте покрај мене“, напиша меѓудругото Акиевска на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Извор: СпортМ
Фото: Инстаграм принтскрин/meri_ifbbwellness_akievska