Maкедонскиот пејач Тоше Проески почина во 2007 година во сообраќајна несреќа на пат за Хрватска.
По неговата смрт, неговата менаџерка Љиљана Петровиќ се повлече од јавниот свет и се посвети на одгледување на лаванда.
Таа речиси никогаш не се појавува во јавност, а сега беше снимен за нејзината плантажа.
Љиљана се вклучи во живо во емисија, а водителот и постави прашање за Тоше.
„Вие бевте менаџерка на Тоше Проески, дали ова е ваш начин да најдете мир?“, праша новинарот.
„Не очекував вакво прашање“, рече менаџерката, направи пауза, па продолжи: „Не можеш никогаш да најдеш мир, само можеш да научиш да живееш со тоа“, изјави Петовиќ во „Утро“ на Прва српска телевизија.
Инаку, Љиљана од сообраќајната несреќа се здоби со полесни повреди, а за време на незгодата таа спиела, исто како и Тоше.
Интервјуто погледнете го тука.