Мегафон

Мемоарите на Брајан Џонсон од AC/DC излегуваат оваа есен

Мемоарите на Брајан Џонсон од AC/DC излегуваат оваа есен

Пејачот на AC/DC, Брајан Џонсон, го повлекува велот на тајната од својот приватен живот преку претстојните мемоари „Животите на Брајан“, кои треба да излезат на 26-ти октомври. Мемоарите ќе “нурнат“ во животот на Џонсон од неговото воспитување во Њукасл на Тајн во Англија, неговите почетоци во рок-групата „Geordie“ до неговиот успех заменувајќи го покојниот Бон Скот во AC/DC.

-„Имав долги ноќи и одлични ноќи, лоши денови и многу добри денови, и за тоа време од дете од хорот станав  рокенрол пејач, а сега напишав книга за тоа.“ – вели Џонсон.

Ова е втора книга на Џонсон, следејќи ги неговите претходни мемоари „Rockers and Rollers: A Full-Throttle Memoir“. Во таа книга Брајан пишува за својата животна љубов кон автомобилите и мотоспортот. Минатата година тој повторно се приклучи на AC / DC откако беше принуден да се повлече од бендот во 2016 година поради сериозно губење на слухот.

To top