Радио Милева

Мелита жестоко распали по „хејтерите“ кои ја критикуваат дека не умее со фотошоп

Мелита жестоко распали по „хејтерите“ кои ја критикуваат дека не умее со фотошоп

Некогашната ТВ водителка и сопственичка на пет-шоп продавници, Мелита Ракиќевиќ едноставно е неизбежна во домашниот медиумски простор поради својата провокативност.

Низ годините Мелита како да се преобрази физички во друга жена, а бујните атрибути кои сега ги поседува, обожава гордо да ги покажува на социјалните мрежи.

Сепак, веќе извесно време, таа добива негативни критики дека премногу користи фотошоп, но уште полошо дека не го умее вешто, па прави грешки.

A post shared by MELITA ♏? (@melitameli) on

По многуте вакви коментари кои осамнуваат под нејзините фотографии, на Мелита и „пука филмот“, па им се обрати на сите „хејтери“  да се тргнат од нејзиниот профил, но тоа го напиша со жестоки зборови кои подоцна ги отстрани од својот профил.

Сега ја нема ниту нејзината објава, ниту лошите коментари, туку само стојат новите провокативни објави на Ракиќевиќ која деновиве покажа дека се смирила со старата љубов.

To top