Мелита Ракиќевиќ, после подолго време во „жежок“ стил се враќа на естрадата, ТВ екраните и останатите видеоплатформи, споделувајќи го сиот свој телесен раскош во еротски кадри во најновото видео на на ДНК и Таско, насловено „Лава“!
Во него царува еротскиот набој ко некогашната македонска ТВ водителка и тоа како вешто знае да го потикне со својот секси изглед, еротските движења, разголените кадри и заводливата глума.
Расната скопска трендсетерка одново ја разгорува машката фантазија, со секој кадар поттикнувајќи ги еротските мисли, кои сами навираат од „влажните погледи“ на нејзиниот телесен раскош, кој ретко која може така успешно да го сподели како Мели.
И кога е со високо кренати долги нозе и кога самата себе си се милува разголена во жешката постела, подготвена, како што велат и самите стихови на песната: „Да те гори како лава, да те стопи ко глечер“… секоја вечер!
Погледот на нејзината „жешка акциона глума“ во видеото вреди за сите пари, а секој поглед на неа е поглед за милион долари…
Зашто Мелита во него е во полн сјај: Разголена, провокативна, привлечна, пожелна, секси…
Поранешната ТВ водителка едноставно е неодоливо заводлива… bad bitch која предизвикува, nasty classy, од чија „фатална привлечност“ ништо нема да ве спаси!
Видеото, навистина е празник за очи, особено за машката публика, во кое со својата провокативна улога доминира поранешната водителка.
Секако, засилена со останатата предизвикувачко – провокативна, еротско – танчарска женска свита, меѓу која сепак… една е Мелита!