Радио Милева добро гравитира

Мелита во Дубаи не може да потоне: Уживанција во нулта гравитација (ФОТО)

Мелита во Дубаи не може да потоне: Уживанција во нулта гравитација (ФОТО)

Некогашната македонска ТВ водителка Мелита Ракичевиќ се’ уште претстојува во Дубаи. Уживајќи во убавините што животот и ги пружа, таа  ја живее својата втора младост. Ноќни забави, журки, клубови и дискотеки, раскошен живот полн со потрага по возбуда, различни задоволства, уживање во момоментот… Како последната вечер на пример, заедно со нејзината пријателка, некогашниот македонски модел Драгана Спасовска.

Мелита знае како максимално да ги искористи не само ноќта туку и денот, па не допушта времето да го губи попусто, а деновите и годините да и минуваат залудно. Добра храна, квалитетни пијалаци и познати ресторани со уште попознати готвачи се дел од нејзиното секојдневие.

Благодетите на морето и прекрасно уредените базени Мели максимално ги користи за сопствена релаксација… Овој пат во фаза на „нулта гравитација“.

Состојба во која телото максимално опуштено лебди, како во бестежински простор… Па, иако не е во вселената, Мелита е на „седмо небо“!

Влезена во базенот за уживанција во „нулта гравитација“! До душа, така се вика комплексот шанкови крај базенот, ама така се вика и состојбата на трендсетерката во базенот.

Мелита дефинитивно нема да потоне во Дубаи… Она што може да се види од приложеното и тоа како има што да ја одржува… долго на површина!

 

 

 

 

 

 

To top