Радио Милева погледи и мисли

Мелита – топлес, ама не на плажа, туку во шумичка: На екс-водителката и ѕирна мачето додека ја следеа две сенки и безброј „влажни погледи“ (ФОТО)

Мелита – топлес, ама не на плажа, туку во шумичка: На екс-водителката и ѕирна мачето додека ја следеа две сенки и безброј „влажни погледи“ (ФОТО)

Жешко лето, епа што, ако е жешко не е лав и нема од што да имаш страв, соблечи се слободно, за да ти биде попријатно… И на тебе, и на околината! Вака отприлика би можело да се дефинира она што некогашната македонска ТВ водителка, сега позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ го споделила како дел од арсеналот на своите најнови фотографии на социјалните мрежи.

Познатата македонска убавица во топлес издание, ама не на плажа туку разголена во шумичка, во сенките покрај реката ја распослала сета своја телесна убавина, на општо задоволство… И свое лично и на нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Иако можеби кадрите не се најнови, а за Мелита разголувањето не е ништо ново ниту непознато, сепак овој пат убавицата не покажала премногу, туку повеќе ја нагласила еротско-естетската компонента отколку самата голотија, а како врв на уметничката слобода низ која пловат машките мечти е моментот дека на екс- водителката и ѕирка мачето…

Нееее, не е она што некој може веднаш да помисли, туку во прашање е вистинско маче, кое до душа подѕирнува затскриено токму од зад она место, кое на некои прво им падна на ум.

А, кога сме веќе кај умот и умните мисли, Мелита не пропушти еротскиот набој на фотографиите да го зачини токму со една мудрост:

„Каде и да си, секогаш те следат две сенки… Божјиот поглед и мајчината мисла“ – напишала таа покрај  топлес фотографиите. И не дека не е во право, апсолутно е тоа така… Ама кога ваква убавица ќе осамне разголена, покрај „двете сенки“ ја следат уште илјадници „влажни погледи“ на армијата машки следбеници на социјалните мрежи.

Какви погледи покрај оној –  Божјиот и какви мисли, освен мајчината им се „мотаат“ низ главата…? Е тоа е веќе друга работа, која веруваме на Мелита и е исто така добро позната!

Фото: Инстафграм принтскрин/melitameli

To top