Некогашната ТВ водителка и позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ деновиве одново реши да замине надвор од дома. Скопје е енормно згадано во секој поглед, а Маврово ако не друго, барем нуди ивописна природа, чист воздух и можности за релаксација на телото и душата.
Затоа Мелита реши овие природни убавини наголемо да ги искористи ем за себе, ем за уште еднаш да ги покаже своите телесни убавини. До душа не баш до крај природни, но сепак привлечни и во секој случај повеќе од доволно атрактивни за оние, со кои македонската трендсетерка ги споделува преку својот Инстаграм.
Мелита и овој пат реши телесниот раскош да го сподели, ама овој пат заедно со неколку практични совети за живот. Онакви, какви што таа ги спознава и практикува во своето секојдневие… Па кој смета дека треба да ја следи, нека ги прифати и примени!
Во секој случај, расната убавица легната во постела само по бела, речиси проѕирна маичка одново потесети колку е бујна… однапред. При тоа, давајќи го својот прв совет, за тоа што е љубов:
„Често нашето – никогаш веќе, се претвора во: само уште овој пат…Ееее, па тоа е љубов“!
Обожавана, сакана, но и неретко критикувана за својот начин на живот и особено за слободата на фотоизразување преку своите разголени фотографии на социјалните мрежи, Мелита во уште една слична поза, подготвена за акција, сподели нова доза провокација, заедно со својот втор животен совет за нејзините следбеници:
„Не е ништо погрешно, ако те прави среќен“ – вели таа, истовреме усреќувајќи ги илјадниците фанови, кои погледот не го одлепуваат од нејзините фотографии на кои доминираат големите гради и набрекнатите брадавици кои како „ѓаволски рогчиња“ само што не ја пробиле маичката на македонската убавица.
И конечно, погледот застанува малку погоре… Очи в очи со убавото нашминкано лице… Пуштете ги очите да зборуваат, а во исто време додека Мелита ви ја поттикнува волшебната игра на сетилата, слушнете го и третиот нејзин совет, кога е животната игра во прашање:
„Животот не е само да имаш добри карти, битно е добро да одиграш, дури и кога се лоши“ – ве советува таа, држејќи се до тезата дека ништо не е онака, како што изгледа.
Или како што самата Мели вели: „Она што навистина сме е многу поважно од она што луѓето го мислат за нас“!
Не знам, Вие, што мислите, но Мелита живее онака како што таа мисли дека треба… Што е можеби и најдобриот пример, наместо совет. Впрочем, не попусто рекле: „За да бидеш среќен, престани да го правиш она што те прави несреќен“. Рецептот е едноставен, зарем не? А Мелита тоа оддамна го практикува!
View this post on Instagram