Радио Милева

Мелита легната болна во кревет, а неговата прегратка ја лечи и тополи со љубов (фото)

Мелита легната болна во кревет, а неговата прегратка ја лечи и тополи со љубов (фото)

Откако ја раскина љувовната врска со веќе поранешниот сакан Виктор, Мелита Ракичевиќ љубовниот живот го крие како змија нозете.

Но, кога се во прашање нејзините секојдневни активности, таа е една од најпостојаните корисници на социјалните мрежи.

Па така, на профилот на Мелита на Инстаграм редовно осамнуваат нови објави, дури и кога не и се случуваат така убави нешта.

Имено, таа откри дека е болна и има температура. Иако не се чувствуваше најдобро и се двоумеше дали во доцните часови да оди во болница, таа најде начин како освен со лекови да се лечи.

Друштво на креветот и правеше нејзиниот Чарли, а тоа е персискиот мачор кој ја гушкаше и топлеше до вратот додека таа лежи.

Велат дека животните чувствуваат кога сме среќни или обратно, а Чарли тоа и го покажа на својата сопственичка која со тивок глас раскажа дека животните се нејзината најголема љубов и да не се заборави дека таа се уште е Мелита „Пет шоу“.

To top