Селфито и фотографиите за некогашната македонска ТВ водителка Мелита Ракичевиќ станаа добро утро. Штом ги отворите социјалните мрежи нема да нема нова фотографија во нова поза нели, од Мели. Една или неколку, важно е денот да и почне со документиран фото доказ од она што правела претходната вечер.
Ако нема ништо атрактивно од новата фото понуда, добродојдена е и малку ретро возбуда! Потсетување на едно некогашно ноќно излегување.
Оваа фотосесија не нуди многу акција, ама затоа не и недостига провокација. Овој пат Мелита го распосла сиот сексапил во својот автомобил.
Ултра кусо мини фустанче од црна тантела со гол грб, во кое до израз и доаѓаат долгите нозе и монденски чевли на платформа со високи потпеци… Ја гледаш и срцето ти застанува во петици!
И покрај сите приказни за неа, вистини и невистини, и покрај секој нејзин трач, нема машко што не би сакало да и биде совозач!
Конечно, колку и да звучи нефер, ама во однос на неа, српските старлети „возат во лер“!
Кој не верува нека направи споредба на фотографиите на Мелита со оние на Сораја и Станија и веднаш ќе му стане јасно дека не е само до автомобилот…
Многу поважно е кој ја вози… Не „мачката“, туку „Мечката“!