Радио Милева рецепт за совршена љубов или...?

Мелита е одново вљубена: Познатата скопска трендсетерка ужива во прегратките на ново момче? (ФОТО+ВИДЕО)

Мелита е одново вљубена: Познатата скопска трендсетерка ужива во прегратките на ново момче? (ФОТО+ВИДЕО)

Некогашната многу популарна ТВ водителка, денес можеби најпознатата скопска трендсетерка Мелита Ракичевиќ има ново момче? Позната по својот живот „на висока нога“ исполнет со луксуз, гламур и раскош, меѓу кои составен дел е и престојот на егзотични дестинации, Мелита и овој пат сподели моменти од нејзиното уживање.

Дестинацијата не ја откри,  како ни личноста со која го споделува ова волшебство, иако многумина наводно ги препознале и двете нешта… Убавиот ресортот велат е во Албанија, близу Тирана, а човекот со кој ги дели сништата е… Кој го знае, ќе го препознае! Кој не – почекајте… Можеби Мели нема да изостави, по некое време самата да ви го претстави?!

Сеедно, едно е мошне видливо, а тоа е дека расната скопска убавица овој пат и јавно ги споделила своите чувства. Се разбира сето она што и се случува, Мелита редовно го споделува на своите профили на Инстаграм и Тик Ток, но овој пат се’ некако наликува како покрај задоволството и емоциите да ја преплавиле.

Шампањско и свежо овошје во доволни количини како дел од редовната понуда на менито на бујната скопска трендсетерка, по што на уживањето и задоволството му нема мерка… Особено ако страста е зачинета и со емоција, тогаш „кочниците попуштаат“ до ниво на максимална комоција и бајковити мечти, кои се претвораат во слатка стварност.

Мелита до сега сто пати покажала дека и тоа како знае да го мине денот… Како рибетина во базенот или цицлеста сирена во аквариум… Се’ зависи како ја доживувате во вашиот „имагинариум“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💎MELITA 💎 (@melitameli)

А потоа на сончање со „рибарот“ која уловил во својата „љубовна мрежа“… За нежни допири “нога до нога“ колку меѓу љубовта и страста да се воспостави баланс и рамнотежа.

Она другото доаѓа малку подоцна… Кога сонцето ќе почне да заоѓа и магијата на ноќта ќе почне да се наѕира над тераста на хотелското плато, близината на дружењето многу подобро оди со шолја еспресо и макијато.

Утрото носи нов ден, ама ако денот по утрото се познава, како минала ноќта по првата утринска фотографија се распознава… Кренатите женски нозе  на стаклената ограда од хотелската тераса, можат само да наговестат колку ноќта била бурна… и страсна!

Ова мора да е рецепт за совршена љубов… Само, има една дилема која веројатно и низ нејзините мисли скита: Дали одново и се случи љубов на Мелита?

Фото и видео: Инстаграм/melitameli

To top