Радио Милева

Мелина и Харис Џиновиќ останале без пари – не можат да ја довршат изградбата на новиот дом

Мелина и Харис Џиновиќ останале без пари – не можат да ја довршат изградбата на новиот дом

Брачната двојка Харис и Мелина Џиновиќ, речиси две години градат вила во Белград, а модната дизајнерка открива дека не брзаат да се преселат во нова куќа, а има и зошто.

Мелина сега им објасни на српските медиуми зошто нивниот дом сè уште не е завршен.

– Нашата куќа стана таква мистерија за јавноста. Снемавме пари, па градењето запре. Така барем секој тврди и знае подобро од нас и е запознаен со нашата финансиска состојба – рече дизајнерката за српски Телеграф и додаде:

– Ја градиме нашата куќа од соништата. Не брзаме, ќе ја завршиме некогаш, не мислам дека долго ја градиме. Нема да имам просторија за шминка и фризура- објасни сопругата на Харис Џиновиќ, велејќи дека нејзиниот дом е секое место каде се нејзиниот сопруг и нивните деца.

фото:инстаграм/хамел

– Мене ми е дома кога сум со мојот сопруг и моите деца, во врската што ја имаме веќе 17 години. Мојот дом може да биде хотел и секое место на планетата. Мојот дом не е врзан имотната состојба, за нас тоа не е важно. Среќни сме што сме заедно и што сме такви многу години. Што се важни квадратите ако го немате тоа што ние го имаме? Хармонично семејство и љубов пред сè, заклучи Мелина за гореспоменатиот медиум.

To top