Претседателот и првата дама на Америка потврдија дека се заразени со коронавирус.
Актулениот претседател на Америка, како и кандидатот за следните избори, Доналд Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија Трам се позитивни на корона.
Тој преку Твитер се обрати на јавноста.
„Вечерва, првата дама и јас добивме позитивен тест на Ковид 19. Веднаш ќе започнеме карантин и процес на оздравување. Низ ова ќе поминеме заедно“, напиша Трамп.
Доналд во јуни наполни 74 години и поради тоа спаѓа во ризичната група на заразени.