На 04.09.2018 год, (вторник ) во Хотел Холидеј Ин, во Скопје, Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и партнерските организации за приватно обезбедување од Словенија, Норвешка, Романија и Хрватска организираат
Настанот претставува завршна конференција за реализиран ЕУ проект наречен „Треин Бреин Софт-стандардизиран курикулум и електронска алатка за меки вештини за приватно обезбедување“, поддржан од програмата на Европската Унија,Еразмус +, К2- стратешки патрнерства- образование за возрасни, реализиран преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Грантот за изработка и реализација на проектот е во висина од 11.380.000,00 денари. Проектот се спроведуваше во период од 25 месеци, започнувајки од септември 2016 година, заклучно со септември 2018 год.
Конференциската програма ќе ја претстави содржината на проектот Треин Бреин Софт, со особен осврт на: Значењето на меките вештини за приватното обезбедување, Професионалниот стрес кај приватното обезбедување; Човековите права и слободи и приватното обезбедување и Комуникациски вештини за приватно обезбедување. Воедно, во рамки на настанот ќе биде претставена и содржината на модуларната тренинг програма за меки вештини, со промоција на Прирачник за меки вештини за приватно обезбедување и отворена он-лајн мултимедијална тренинг алатка (е-обука за меки вештини за приватно обезбедување).
Како дел од конференциската програма со свое обраќање, учество ќе земат:
Верица Милеска Стефановска, Претседател на Комора на РМ за приватно обезбедување; Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи; Љупка Ќуркчиева,Национална агенција за европски образовни програми и мобилност; Фреек Јанмаат, Делегација на ЕУ во Македонија; Катерине Пијана, Ген.директор на Конфедерација на европски услуги за обезбедување; како и претседателите на словенечката, романската, хрватската, и норвешката комора за приватно обезбедување.