Откако Меган Маркл во една прилика сама ја затворила вратата од автомобилот таа ја воодушевила јавноста, но не и припадниците на безбедносната кралска служба која ја опоменале тоа никогаш повеќе да не го прави сама.
Имено безбедносната служба која работи за кралското семејство размислува на секо црно сценарио, па затоа и забрани на Меган повеќе никогаш сама да не ја затвора вратата од автомобилот.
Причината е едноставна, во случај на напад таа не би можела да влезе повторно во автомобилот, пренесува „Сан“.
Вратите на автомобилите кои што ги користи кралското семејство автоматски се заклучуваат штом се затворат, по што Меган не би можела да одбегне опасна ситуација.