Радио Милева

Меган Маркл за првпат се огласи преку видео снимка од својот нов дом во Америка (видео)

Меган Маркл за првпат се огласи преку видео снимка од својот нов дом во Америка (видео)

Меган Маркл пред неколку месеци стави крај на кралскиот живот и од Англија се врати заедно со семејството да живее во родната Америка.

Таа додека беше во палатата, како војвотка мораше да почитува правила и принципи од кои нема отстапки, но сега за неа дојде друго време. меган живее во Лос Анџелес, а за првпат откако ги нема кралските должности и се обрати на јавноста преку Инстаграм.

Меган објави видео од Инстаграм профилот на организацијата “Smart Works” која им помага на невработените жени во припремите за разговори за работа.

Меган на снимката и дава совети на една девојка која се припрема за разговор за приправник. Таа со младата Британка комуницирала преку видео повик од својот дом во Лос Анџелес.

Покрај снимката во која ја охрабрува девојката која неодамна дипломирала на студии по психологија, објавена е и пораката која Маркл и  ја испратила на организацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Smart Works (@smartworkscharity) on

“Ми беше голема чест да се сретнам и да учам од толку талентирани жени од мрежата на “Smart Works”, а неодамна и да ја видам неверојатната работа која ја работат за да ги прилагодат своите програми на оваа пандемија. Нивната спосбност и понатаму да ги охрабруваат жените и да им ја зацврстуваат самодовербата која им е потребна за успех во ова време е инспиративна”, порачала Меган.

 

To top