Радио Милева модно издание

Меган Маркл во дури три модни комбинации за важен ден – која е најдобра? (фото)

Меган Маркл во дури три модни комбинации за важен ден – која е најдобра? (фото)

Меган Маркл и принцот Хари пристигнаа во Њујорк и учествуваа на прославата за одбележување на „Денот на Нелсон Мандела“. Хари одржа и специјален говор пред Генералното собрание на ОН, па  се присети и на фотографијата на Мандела и неговата мајка принцезата Дијана, направена во 1997 година, која му ја подари бискупот Дезмонд Туту, а особено ја истакна љубовта кон Африка, каде првпат ја посетил како 13-годишник.

Неговата сродна душа гордо го гледаше и аплаудираше на крајот на говорот. Во согласност со сериозната прилика, Меган пристигна во ОН во многу елегантна, пристојна и неутрална облека.

Таа носеше класичен црн миди фустан со кратки ракави без никакви дополнителни детали кои би го привлекле вниманието на нејзината модна издание. Фустанот го искомбинирала со црни мокасини и голема чанта во иста боја.

Но, тоа не е единствената комбинација во истиот ден. Пред посетата на ОН, таа имаше ручек со Глорија Стајнем, позната американска феминистка, новинарка, писателка и активистка во хотелот „Крозби“ во Њујорк.

За таа прилика облекла темно сини бермуди и бела кошула, а изгледот го комплетирала со кафен ремен и салонки во речиси идентична нијанса.

На крајот од денот, Хари и Меган отидоа на вечера со пријателите во италијански ресторан, а Меган ја смени облеката и за вечерата.

Таа беше облечена во црн комбинезон со бело деколте со разголени раменици и грб.

Фото:ПринтскринИнстаграм/meghanmarkle_official/Профимедиа

To top