Меган Маркл и принцот Хари започнуваат ново животно поглавје во Америка, татковината на војвотката од Сасекс, која живееше сосема поинаков живот пред да се омажи за принцот.
Меган, како што е познато, се занимаваше со глума пред да се омажи за Хари, а според пишувањата на странските медиуми, таа заработувала околу половина милион долари годишно.
Покрај тоа, таа доби милиони долари благодарение на рекламирањето на разни брендови.
Се проценува дека Меган вкупна „тежи“околу 5.000.000 американски долари, додека принцот Хари вреди точно пет пати повеќе, а двојката вкупно има околу 30.000.000.
Парите на Хари доаѓаат од разни извори и тој ќе продолжи да добива одредена сума од кралското семејство, без оглед на тоа што со Меган ја напуштија кралската функција.
Тие ќе останат без неколку милиони долари годишно за патувања и облека, кои ги добиваа од принцот Чарлс.
Наводно, Меган и Хари веќе потрошиле дел од своето богатство бидејќи платиле околу 11.000.000 американски долари за куќа во Малибу.