Ова ќе биде прво нејзино појавување откако се омажи со принцот Хари.
Меган Маркл се враќа на телевизиските екрани, но овој пат не како актерка туку ќе се појави во документарниот филм за кралицата Елизабета.
„Кралицата на светот“ е новата документарна серија, а е посветена на сегашната улога на кралицата во светот.
Фокусот на серијата ќе биде на нејзинота работа, но и на нејзиното влијание врз младите кралеви.
Гледачите исто така ќе може да видат и моменти од „зад сцена“ со принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, како и со принцот Хари и Меган Маркл.
Освен тоа, Меган ќе даде интервју во кое ќе зборува за кралицата Елизабета.
Документарниот филм ќе започне да се емитува во Велика Британија во септември.