Меган Маркл е фотографирана со широка насмевка на лицето додека шета со синот Арчи и кучињата во Канада, каде живее откако е соопштено дека таа и нејзиниот сопруг повеќе не сакаат да бидат постари членови на кралското семејство.
Меѓутоа, иако Меган делува среќно, многумина ја нападнаа поради начинот на кој го држи синот.
Откако се проширија фотографии од прошетката, корисниците на социјалите мрежи на Меган ѝ порачааа да побара совет како се држи дете, пренесува „Дејли Меил“.
Имено, на фотографиите се гледа дека Меган е добро расположена, додека го носи Арчи во “кенгур“, а на прошетка ги однела и двете кучиња.
На нејзиното лице нема знаци за драми и стресови поради „Мегзит“, атаа изгледа дека ужива во слободата.
Меѓутоа, чудниот начин на кој го држи синот, на многумина им падна во очи, па истакнаа дека 8-месечното дете изгледа како да му е непријатно во „кенгурот“.
Други истакнале дека Меган изгледа како да ѝ треба помош.
„Ве молам некој нека ѝ покаже на Меган како се носи кенгур, пред малиот Арчи да падне“, гласи еден од коментарите.