Сопругата на Хари, Меган Маркл првпат се појави во јавност откако откри дека го изгубила второто дете.
Во емисијата „CNN Heroes“, Меган зборуваше за предизвиците со кои се соочила додека трае пандемијата со коронавирусот, но и за оние кои останле без храна и дом поради короната.
„За годината која беше предизвик за секого, ме воодушевија приказните за сочувство во нашите заедници. Низ целата земја, луѓето ја оставија настрана нивната потреба да се здружат и да се дружат и го поддржаа ставот дека е важно за целото општество да биде некое време далеку едни од други “, рече Маркл.
Таа додаде дека од Март сè се смени.
„Пандемијата имаше катастрофално влијание врз многу семејства. Премногу од нив се соочија со шокантно прашање како да стават храна на семејната трпеза? Но, соочени со оваа разорна реалност, ние исто така ја видовме силата на човечкиот дух и извонредните начини на кои заедниците реагираат во овие тешки времиња. Видовме добро кај луѓето, кај нашите соседи и воопшто во целата заедница, кои решија да не стојат само додека нивните соседи се гладни ‘, изјави војвотката од Сасекс за CNN Heroes.
Таа ги пофали граѓаните кои се погрижија децата да не останат гладни, како и оние кои ги хранеа сите стари лица и ризични групи на кои не им беше дозволено да ги напуштат своите домови.
Откако се пресели во нејзината матична држава Калифорнија во март заедно со нејзиниот 36-годишен сопруг принцот Хари и нивниот едно и пол годишен син Арчи, Меган извесно време волонтираше во областа на Лос Анџелес, а во април таа и принцот Хари помогнаа во дистрибуцијата на оброци за Проектот Ангел Фуд. непрофитна добротворна организација што готви, подготвува и доставува оброци на луѓе чие здравје е особено изложено на ризик за време на пандемија на коронавирус.
Неодамна таа за медиумите откри дека имала спонтан абортус додека ги менувала пелените на синчето Арчи.
Потсетуваме, Меган и Хари на почетокот на оваа година се откажаа од кралските должности.