Радио Милева
промена

Меган Маркл откри кои одлуки ги донела и од што се откажала, за да биде прифатена во кралското семејство (фото)

Меган Маркл откри кои одлуки ги донела и од што се откажала, за да биде прифатена во кралското семејство (фото)

Во новиот документарец на „Нетфликс“, Меган Маркл го откри влијанието на нејзиното време како постар член на кралското семејство врз нејзиниот моден избор. Првите три епизоди од долгоочекуваната документарна серија од шест дела на војводата и војвотката од Сасекс, „Хари и Меган“, се појавија на Нетфликс во четвртокот, а гледачите веќе добиваат голем увид во тоа како приклучувањето кон кралското семејство влијаело врз животот на Меган. .

Една од промената беше начинот на кој Меган гледала на нејзината гардероба и стил, и како ќе се појави во јавноста и во печатот, вели таа во документарецот.

Зборувајќи за нивната прва кралска прошетка во 2017 година, набргу откако ја објавија свршувачката, Хари (38) откри дека и бил огромна помош кога станува збор за гардеробата на Меган (41), која никогаш не слушнала за таква прошетката, а уште помалку таа знаела како треба да изгледа еден таков фустан.

-Можев да и кажам онолку колку што знаев од сопственото искуство и од она што го видов, но кога станува збор за стилот, тоа навистина не го знаев – вели Хари во третата епизода. – Што треба да направи една жена, како треба да се облече и сето тоа …

– Таму би биле веднаш спремни како: „Момци, бидете спремни. Имаме пет минути“ – се присетила Меган.

– И јас си помислив: “Дали да ги носам овие обетки? Дали се од британски дизајнер? Само што ги нарачав преку „Интернет“. Дали овие се добри? Чекај, ознаката е се уште таму. Пресечете ја.

– И тогаш патентот се скинл. Целата работа беше смешна, додава Хари. Меган откри дека морала да го прицврсти патентот со заштитна игла во последен момент пред да тргнат да ги запознаат сите на нивниот прв ангажман во Нотингем. Но, тоа не беше единствената промена во гардеробата на војвотката Подоцна во документарецот, таа објаснува зошто сакала понеутрални тонови кога првпат се приклучила на кралското семејство и дека тоа било свесна одлука.

– Поголемиот дел од времето кога бев во Велика Британија ретко носев боја. И тоа беше намерно. Моето разбирање е дека никогаш не можете да носите иста боја како Нејзиното Височество ако има групен настан. Но, исто така, не можете да носите иста боја како некои други, постари членови на семејството. Па си помислив: „Каква боја веројатно никогаш нема да ја носи? Крем? Беж? Бела? Понатаму Меган објаснува дека и одлуката е донесена за да не се буни на јавните настани, туку едноставно да се „вклопи“.

– Носев многу пригушени тонови, но и на тоа требаше едноставно да се вклопам – објаснува таа.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

 

Останати вести од Радио Милева