Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус кога се преселила во САД.
Имено, војвотката од Сасекс откри дека го изгубила второто дете откако почувствувала болка во стомакот додека ги менувала пелените на синот Арчи.
За „Њујорк Тајмс“, изјави дека и се слошило додека била во домот во Лос Анџелес.
Како што вели, најтешко и било да го гледа сопругот Хари како тагува додека и таа се распаѓала.
„Откако ги сменив пелените на Арчи, почувствував болка во стомакот. Заедно со него во прегратки седнав на подот и му пеев песничка за да и двајцата се смириме. Веселата мелодија е потполен контраст на моите чувствува, а тоа не е во ред“, напиша Меган.
За рубриката „Загуби кои ги делиме“, таа напиша:
„Додека го држев првото дете, знаев дека го губам второто“.
View this post on Instagram
Маркл откри дека тоа се случило во едно јулско утро кое изгледало како и секое. Откако ги нахранила кучињата, ја подготвила облеката за Арчи, тргнала да ги смени пелените на синот и тогаш почувствувала силен грч во стомакот.
„Неколку часа подоцна лежев во болница држејќи го сопругот за рака. Ја почувствував топлината на неговата дланка, а тој ми ја бакнуваше раката која беше мокра од нашите солзи. Гледав во белите ладни ѕидови и замислував како ќе оздравиме од ова“, напиша Меган.