Радио Милева бев секаде, а всушност не бев никаде

Меган Маркл: „Откако станав дел од кралското семејство, повеќе не го видов својот пасош, клучеви, возачка дозвола“

Меган Маркл: „Откако станав дел од кралското семејство, повеќе не го видов својот пасош, клучеви, возачка дозвола“

Меган Маркл во интервјуто кај Опра Винфри откри дека од моментот кога се омажила за Хари и била одземена слободата.

Меган изнесе шокантни тврдења за својот живот во кралското семејство. Војвотката од Сасекс откри дека размислувала за самоубиство во текот на првата бременост затоа што во бракот со Хари се чувствувала изолирана и осамена.

Таа изјави дека и била одземена слободата откако се омажила.

„Откако станав дел од кралското семејство, повеќе не го видов својот пасош, клучеви, возачка дозвола“, изјави Меган.

фото: принтскрин

„Не можев да одам на ручек со пријателите, да се дружам и жевеам. Бев секаде, а всушност не бев никаде“, вели војвотката од Сасекс.

Меган откри дека и кажале дека нејзиното дете нема да биде принц или принцеза, а во кралската палата се зборувало за бојата на кожата на нејзиното дете.

To top