Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кратко да престојуваа во Лондон за да ги завршат последните кралски должности. Но Меган, по сите случувања изгледа како да е желна за внимание, па повторно предизвика хаос во кралското семејство, успевајќи да го налути и единствениот член на семејството кој и беше наклонет.
Со краткиот престој во Лондон, Меган ја растажи кралицата со одлуката малиот Арчи да остане во Канада, а набргу потоа, ја налути и Камила, која отсекогаш важеше за единствениот член на кралското семејство кој ја поддржува Меган.
Камила, по повод десетгодишнината од фестивалот Woman of the World, одржа говор кој беше договорен уште пред една година и кој за неа е од големо значење.
Токму тој ден, Меган без присуство на медиумите ја посети изложбата во Националниот Театар и фотографиите подоцна ги објави на официјалниот Инстаграм на кралското семејство.
View this post on Instagram
Камила, наводно, како што пренесува „Мирор“ сметала оти оваа посета на Меган е приватна и таа нема да објави фотографии од неа, кои се разбира веднаш станаа главна вест во сите престижни медиуми.
Поради ова, Камила и се налути на Меган, бидејќи нејзиниот долгопланиран говор падна во втор план, а Маркл повторно се наметна во центарот на вниманието.