Радио Милева

Меган Маркл не ја интересира традицијата: Ги прекрши сите 8 правила, а луѓето сеуште ја сакаат

Меган Маркл не ја интересира традицијата: Ги прекрши сите 8 правила, а луѓето сеуште ја сакаат

Меган Маркл во никој случај не е од традиционално семејство. Нејзината веридба со принцот Хари е историски момент за семјството, која брзо го прифати и засака семјството.

Меган Меркл ја засака и народот, иако таа често ги крши правилата кои треба да се придржава до нив.Поради тоа често ја споредуваат сопринцезата Дајана.

Таа зборуваше за нејзината љубов кон Хари во голем магазин

Нешто што е недозволено за членови на кралското семејство е токму потегот на Меган кога се појави на насловна страница на Vanity Fair и зборуваше за нејзината врска со Хари, пред да бидат верени.

Не е сосема забрането кралски член да се појави на насловна страница, со оглед на тоа што Кејт Мидлтон беше на британскиот Vogue, но да се отворат за приватниот живот пред нивниот однос да стане официјален е неприфатливо.

 Меган и Хари не престануваат да се држат за раце

Како што веќе знаеме по принцот Вилијам и Кејт, држењето за раце и разменувањето нежности во јавност е нешто што се случува многу ретко во кралското семејство, но постои причина зошто за Меган и Хари ова правило не е толку строго.

 

Потпишување автограми

Кејт, сопругата на принц Вилијам, смее да се фотографира и да се ракува со фановите, но не и да потпишува автограми. Според кралските правила, може да се потпишува само на службените документи. Причината за тоа е стравот на кралицата Елизабета Втора дека никој би можел да ги фалсификува нивните потписи и да ги користи против семејството.

 Таа не припаѓа на Англиската црква

Британското кралско семејство е толерантно за сите религии, но правилоо е да се биде дел од Црквата на Англија и според „People“, за да се задржи редот за наследување на престолот, тие не смеат да бидат Католици.

Сепак, ова нема да влијае на Меган, благодарение на промената на законот во 2013-та, кој им дозволува на оние кои се во редот за наследство на тронот да се венчаат со секој без разлика на религијата.

Таа носи целосно дијамантски прстен

Иако дијамантите не се нешто невообичаено кога станува збор за веренички прстени, сепак членовите на кралското семејство преферираат скапоцени камења.

Прстенот на принцезата Дијана (кој сега припаѓа на Кејт Мидлтон) е направен од сафир, исто како и оној на мајката на кралицата Елизабета и оној на принцезата Ана.

Таа е актерка и јавна личност

Без разлика каква и била поранешната професија, сега мора да се откаже. Работата на Меган сега ќе се состои од посетување добротворни вечери, училишта и болници. Се верува дека Кејт Мидлтон не ги сака таквите настани па ги избегнува. Поради тоа некои ја нарекле „мрзливата Кејт“, имајќи предвид дека таа најчесто од семејството ги пропушта таквите настани.

Не носи хулахопки

Кралицата Елизабета II очекува членовите на нејзиното семејство да носат хулахопки кога се облечени во фустани и здолништа. Кога Меган и Харија ја објавија нивната веридба, Меган ги покажала голите нозе додека се фотографирала.

Облекла црно

Меган направи огромна грешка кога на нејзиниото службно појавување во Кардиф облекла црно. Инаку комбинациите во црно исклучително се наменати за погреби и тажни спомени.

 

To top