Меган се врати од Америка по правењето на забавата за доаѓањето на бебето, па замина за Мароко заедно со принцот Хари.
Поранешната актерка се појави во црвен фустан, а нејзиниот сопруг во светло сив костим.
Оваа дводневна посета е организирана од кралицата Елизабета II, а некои од британските медиуми пишуваат како Мароко е опасна зона, а главниот град Рабат – град на побуна.
Пред доаѓањето на двојката, дипломатските извори велат дека Марко е столб на стабилноста.
Сепак, Меган и последните денови пред породувањето ги минува бурно, не мирува, туку напротив ги засили активностите.
Кралското бебе треба да дојде напролет, а војвотката од Сакес според светските медиуми изгледа подобро од било кога.