Радио Милева

Меган Маркл на мета на критики поради еден детаљ

Меган Маркл на мета на критики поради еден детаљ

Бремената Меган Маркл е една од најпопуларните жени на светот. Фоторепортерите го следат секој нејзин чекор, а нејзиниот изглед често се коментира на социјалните мрежи.

Се претпоставува дека војвотката е во петиот месец од бременоста, а сега на Твитер се најде на мета на критики поради еден детаљ.

Имено, речиси на сите фотографии Меган се држи за стомакот.

„Во ред Меган, цела планета знае дека си трудна, позирај поразлично“  пишуваат твитерџиите.

„Ако видам уште фотографија на која Меган се држи за стомакот ќе повртам. Таа и Бијонсе очигледно мислат дека се две единствени жени кои се бремени“ пише еден корисник на „Твитер“.

„Меган знам дека си бремена, престани да се држиш за стомак“  исто така е еден од твитовите.

foto: Printscreen

„Каков нарцист, ок, сфативме, трудна си. Драго ни е што луѓето гледаат дека си дива“ пишува една жена на Твитер.

To top