Одбележувањето на Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија не можеше да помине незабележано, најмногу затоа што се најдоа Кејт, Вилијам, Хари и Меган на истото место, иако се знае дека односите во кралското семејство во моментов не се воопшто идилични.
Сепак, покрај семејните судири, фустаните кои носеа јатрвите Кејт Мидлтон и Меган Маркл беа во фокусот на вниманието!
Стајлингот на Меган Маркл беше особено коментиран и забележан заради еден детал. Поточно, таа беше целосно облечена во зелена боја, а стајлингот го „зачини“ со зелена дамска шапка. Додека многумина се прашуваа зошто се облекла токму во зелена боја, други докажаа дека ништо не е случајно кога станува збор за стилот на дамите од кралското семејство.
Имено, судејќи според коментарите, со овој стајлинг, Меган сакаше да и оддаде почит на покојната свекрва, принцезата Дајана. Пред неколку дена Кејт го направи истото.
Тоа е стајлинг на Лејди Ди од 1982 година, па многумина тврдат дека зелената комбинација направила Меган дискретно да потсети Дијана, сега кога нивните кралски должности завршуваат.