Радио Милева

Меган Маркл и принцот Хари се огласија со детали за породувањето и ги разочараа фановите

Меган Маркл и принцот Хари се огласија со детали за породувањето и ги разочараа фановите

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари се огласија за раѓањето на своето прво дете и разочараа голем дек од фановите на кралското семејство.

Меган Маркл ќе го роди детето во строга тајност, а јавноста за тоа ќе дознае кога тие ќе решат. Принцот и војвотката испратија службено известување до медиумите.

-Војводата и војвотката од Сакес се заблагодаруваат на убавите желби и честитки кои ги примија до сега и се подготвуваат за раѓањето на нивното прво дете. Тие донесоа одлука дека информациите за породувањето ќе останат приватни. Јавноста ќе биде известена откако тоа ќе се прослави во кругот на семејството, стои во службеното известување.

Тоа значи дека овој пат нема да има лудило пред болницата во исчекување на новит член на кралското семејство, како што беа случаите со породувањата на Кејт Мидлтон.

To top