По повод на престојните празници, кралското семејство преку профилите на социјалните мрежи со неколку фотографии им ги честиташе празниците на своите следбеници.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон позираа заедно со нивните деца, Џорџ, Шарлот и бебето Луис.
Другиот пар на кралското семејство, принцот Хари и Меган Маркл го чекаат своето прво дете, па најверојатно дека следната година ќе имаат слична честитка како Вилијам и Мидлтон.
Оваа година одлучија да објават невидена фотографија од нивната венчавка.