Радио Милева

Меган Маркл и принцот Хари нема да го поминат Божиќ со кралското семејство

Меган Маркл и принцот Хари нема да го поминат Божиќ со кралското семејство

Војводата и војвотката од Сасекс ја известила кралицата дека Божиќ нема да го поминат со кралското семејство, а стручните лица за британското семејство се плашат дека оваа одлука ќе ја налути кралицата.

Принцот Хари и неговата сопруга не знаат каде ќе бидат за Божиќ, но одлучиле да го поминат надвор од кралското семејство.

Како што пишува „Дејли мејли“, парот најверојатно ќе замине во САД каде заедно со мајката на Меган ќе го поминат „Денот на благодарност“ , но сите мислеле дека парот ќе се врати за Божиќ.

фото: тоби мелвилле/епа

Сепак, Меган и Хари ја известиле кралицата дека нема да биде со неа за време на овој празник.

За потсетување, неодамна Меган се расплака во едно интервју истакнувајќи дека никој не ја прашал како се чувствува.

Исто така, кралскиот пар најви дека ќе се повлече од своите кралски должности.

To top