Радио Милева

Меган Маркл и Хари ја објавија првата божиќна честитка од домот во Америка

Меган Маркл и Хари ја објавија првата божиќна честитка од домот во Америка

Меган Маркл и Хари ја објавија својата прва божиќна честитка откако го напуштија кралското семејство.

Тие позираа во дворот на својата куќа, а малиот Арчи седи во скутот на неговиот татко. Тука се и нивните кучиња Пула и Гај.

На фотографијата може да се забележи дека Арчи, кој иако е уште мал, сепак личи на пораснато момче и изгледа ќе биде копија на тато.

ПР-от на парот изјави:

„Оригиналната фотографија од семејството беше направена во нивниот дом, овој месец, од страна на мајката на војвотката. Малата божиќна елка, како и домашно направените украси и декорации беа избрани од Арчи, а дрвото ќе биде повторно засадено по празниците.“

фото: Профимедиа

Во честитката, Меган вели дека во 2020та година направила многу донации со кои помогнале на бездомници, организации кои поддржуваат животни и други хуманитарни организации за едукација на деца во Уганда.

 

To top