Британските медиуми тврдат дека Меган Маркл и Хари претходниот месец ја разгледувале вилата на Мел Гибсон.
Станува збор за луксузна вила на актерот која вреди 13,7 милиони евра, а парот се уште не ја потврди веста дали навистина ја купиле и дали тоа ќе биде нивниот нов дом.
Гибсон куќата ја купи во 2008 година од ѕвездата на серијата „Досие Х“,актерот Дејвид Дуковни.
Странските медиуми тврдат дека Меган и Хари од Канада се преселиле во САД и биле заинтеренсирани за вилата на Мел.

Агент за недвижности од Лос Анџелес, пред една недела на својот „Инстаграм“ напиша:
„Важни вести. Принцот Хари и Меган Маркл ја купија вилата на Мел Гибсон“, но набрзо ја избриша оваа објава. Сепак, некои од медиумите успеаја да зачуваат принтскрин од објавата.
Вработените во агенцијата не сакале да ги коментираат пишувањата на британските медиуми.

„Станува збор за вила на многу приватна локација“ тврди изворот.
Вилата поседува теретана, поглед накај океанот, два базени и двор кој се простира на пет хектари.