Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл денес го слави својот 39 роденден, а на „Инстаграм“ профилите на членовите на кралското семејство осамнаа честитки за војвотката од Сасекс.
„На војвотката од Сасекс и посакуваме среќен роденден“, пишува на фотографија која настана кога Меган и кралицата биле во посета на Честер.
Честитка пристигна и од војводата и војвотката од Кембриџ.
„И посакуваме среќен роденден на војвтоката од Сасекс“, стои во објавата.
Иако многумина се приклучија кон честитките, ги имаше и оние се побунија зошто се уште ја нарекуваат војвотка.
Инаку, Меган Маркл и принцот Хари на почетокот го напуштија кралското семејство и кралските должности.