Меган Маркл победи во борбата со британските таблоиди поради нарушување на приватноста.
Имено, откако стапи во брак со принцот Хари, порталите „Mail on Sunday“ и „MailOnline“ ги објавија писмата кои Меган ги пратила на нејзиниот татко во периодот кога се пишуваше за нивниот лош однос.
По објавувањето, Меган ги тужеше горенаведените медиуми, а по парницата која траеше повеќе од две години, судот одлучи во корист на војвотката од Сасекс.
Потсетуваме, Меган и Хари на почетокот на претходната година одлучија да го напуштат кралското семејство и да се повлечат од кралските должности.