Меган Маркл и принцот Хари се откажаа од кралските должности на почетокот на годината, а како што сега објави „Дејли мејли“, тие останаа без нивната резиденција во Велика Британија.
Имено, со заминувањето на Меган и Хари од семејството и земјата, нивниот дом Фрогмор Колиџ припадна на братучетката на Хари, принцезата Евгенија, која чека бебе со сопругот Џек Бруксбанк, пишува „Дејли мејли“.
Според овој таблоид, сите нивни предмети биле изнесени во текот на ноќта и испратени во Калифорнија.