Меган Маркл и принцот Хари се венчаа точно пред една година, а својата среќа на Инсатграм ја споделика објавувајќи романтично видео со досега невидени фотографии од венчавката.
Видеото е дополнето со песната „Мојата мала светлост“, за која двојаката наведе дека за нив е многу лична.
-Ви благодариме на љубовта и поддршката која ја добиваме од сите вас ширум светот. Секој од вас го направи овој дел величенствен – порачаа Меган и Хари на своите следбеници.
View this post on Instagram
Официјалниот Твитер профил на британското кралско семејство исто така им честиташе на Меган и Хари за годишнината:
-На војводата и војвотката од Сасекс им посакуваме среќна годишнина од бракот. Денес е година дена откако ги разменија заветите во капелата Св. Џорџ во замокот Виндзор – пишува на оваа социјална мрежа.
Wishing The Duke and Duchess of Sussex a very happy wedding anniversary.
Today marks one year since Their Royal Highnesses exchanged vows at St George’s Chapel in the grounds of Windsor Castle. pic.twitter.com/HomFjcOcGq
— The Royal Family (@RoyalFamily) May 19, 2019
фото:Гуливер/Гети/Твитер