Радио Милева
не е како што изгледа

Меган Фокс важи за најубава жена во светот, а води лична борба: Познатата актерка откри со какви здравествени проблеми се бори

Меган Фокс важи за најубава жена во светот, а води лична борба: Познатата актерка откри со какви здравествени проблеми се бори

Меган Фокс во заедничкото интервју со нејзиното момче Машин Ген Келијем за британскиот „GQ Style“ проговори за своите несигурности.

Актерката изјави дека поради телесна дисморфија ( пореметување кое се јавува и кај мажите и кај жените) се бори со многу несигурности, иако многумина ја сметаат за најубава жена во светот.

„Да, имам телесна дисморфија. Се борам со многу длабоки несигурности. -Да имам телесна дисморфија. Имам многу длабоко вкоренети несигурности. Никогаш не смееме да претпоставуваме како некој се чувствува. Да ја погледнете личноста и да кажеме, колку е убава, мора животот да и е лесен. А сигурно е дека личноста не се чувствува така одвнатре, вели Меган.

Телесна дисформија е сериозно психичко пореметување кое на лицата им создава чувство дека делови од нивните тела се деформирани, неатрактивни, одвратни, додека реално недостатокот кој им пречи е едвај видлив или не постои. Лицата кои страдаат од ова пореметување  се чувствуваат дека другите во нив гледаат Човек слон. Незадоволството најчесто е усмерено на лицето и главата, делови од лицето и на кожата.

Поремтувањето на Меган Фокс е можна причина за нејзните естетски корекции и филери кои ги користела во лицето.

фото: profimedia/OConnor-Arroyo/Press Association/PIXSELL

Останати вести од Радио Милева