Радио Милева интимно

Меган Фокс со неочекувана изјава од приватноста: „Телото ме боли од носењето на тежината на нивните гревови“ (фото)

Меган Фокс со неочекувана изјава од приватноста: „Телото ме боли од носењето на тежината на нивните гревови“ (фото)

„Pretty Boys Are Poisonous“, првата збирка поезија на актерката Меган Фокс во која проговорела за нејзините најинтимни мисли и љубовни падови, пренесува „Page Six“.

„Овие песни се напишани во обид да се искорени болеста која во мене се вкорени поради моето молчење. Сиот живот го поминав чувајќи ги тајните на мажите, телото ме боли од носењето на тежината на нивните гревови“, изјавила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Во песните I и II, актерката пишувала за абортусот и чувството на тага со кое се справувала во тоа време.

„Сега морам да се збогувам. Со затворени очи замислувам дека те држам цврсто на моите гради додека ми те откинуваат од утробата. Кажи ми, те молам, која е откупнината за нејзината душа“, напишала таа покрај илустрацијата на жена која држи бебе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Иако парот никогаш не го потврдиле тоа, обожавателите шпекулираат дека Фокс дека го изгубила при спонтан абортус детето кое го очекувала со Машин Ган Кели, кој пак во својата песна „Twin Flame“ од 2022 година пее: „Оди спиј, ќе те видам во моите соништа“.

Инаку, раперот на доделувањето на „Billboard Music Awards“ истата година изјавил дека напишал песна за својата жена и нивното неродено дете.

Иако актерката не ги споменува имињата на нејзините поранешни во песните, па така ниту нејзиниот вереник Машин Ган Кели, фановите се убеден дека таа отворено зборувала за нивните подеми и падови.

Во книгата, Фокс споменува „32-годишен нарцис“, „вистинска љубов, близначки пламен“ и „самобендисана рок-ѕвезда која само се преправа дека има добри намери“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

„Ти си зависност која нема да ја излечи ниту една молитва“, пишува во песната „A Beautiful Boy is a Deadly Drug“, во која таа се осврнала на објавата на „Инстаграм“ од 2020 година кога напишала дека рокерот е „болно убаво момче“.

Да потсетиме, парот се вери во јануари минатата година, а во февруари годинава актерката ги отстрани сите фотографии од вереникот од својот „Инстаграм“ профил, со што ги подгреа гласините за разделбата – но по неколку денови истите беа демантирани од нивна страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

„Но, тогаш еден ден се случи. Еден од идиотите конечно ме скрши“, стои во предговорот на збирката, а обожавателите веруваат дека тоа се однесува на гласините за разделбата.

„Љубовните врски не се убави. Грди се. Понекогаш се војна. Но, преку раната доаѓа можноста да растеш и да станеш посилна, комплетна верзија од себеси“, заклучила таа.

фото:Инстаграм принтскрин

To top