Радио Милева „кучка“ неверна...

Меган Фокс се разведува: Нема веќе сомнежи, актерката се швалерисува со млад рапер (ФОТО)

Меган Фокс се разведува: Нема веќе сомнежи, актерката се швалерисува со млад рапер (ФОТО)

Уште откако беше објавено дека актерката се разведува со Брајан Остин Грин по 16 години заедничка среќа, се појавија шпекулации дека е во врска со еден млад рапер, за што сега доаѓаат првите докази.


Меган Фокс и Брајан Остин Грин се запознале и се вљубиле во 2004 година, а се венчале во 2010 година и во бракот добиле три сина. Иако формално се разведоа пред неколку години мпа потоа и многу бргу се смирија, двојката секогаш изгледаше заљубено и среќно, но се чини дека не им било судено да стареат заедно. Американските медиуми неодамна објавија дека одново се разведуваат, а актерот го потврдил тоа. Сопругот на актерката истакна дека атмосферата во нивниот дом во последно време е чудна, причина што тој му ја припишувал на заморот.


„И дадов неколку недели, мислев дека работите ќе се вратат во нормала, дека таа беше само уморна затоа што има напорни снимања“ – искрен е Брајан Остин Грин, кој додаде дека секогаш ќе ја сака мајката на своите синови.


Како што во тоа време пишуваа медиумите, актерката најверојатно се однесувала „чудно“ затоа што за време на снимањето на нејзиниот нов филм „Midnight In The Switchgrass“, таа се запознала со раперот Машин Ган Кели, во чие видео и се појави. Двојката е видена неколку пати заедно, а сега се фотографирани како држат раце, целосно свесни дека папараците ги следат нивните стапки. Еве како изгледало тоа:

Ниту Меган ниту раперот сè уште не проговориле за тврдењата на медиумите, но по овие фотографии… Веројатно нема ни потреба.

Извор: Glossy

Фото:  Инстаграм принтскрин Megan Fox @fredericks_hollywood /Твитер/ Кате//BLM

 

To top