По скандалот што го потресе Холивуд, а се однесува на раскинувањето со Машин Ган Кели, Меган Фокс извесен период се „пензионираше“. Таа ги бришеше сите објави од социјалните мрежи, ретко се појавуваше некаде, додека верните фанови со сите сили се трудеа да го фатат секој можен новитет.
Меган Фокс овој пат се појави во специјалот „Sports Illustrated Swimsuit“ во костим за капење, но многумина беа изненадени од нејзината исповед.
Меган зборуваше за нејзината борба со телесна дисморфија, нарушување на менталното здравје во кое човекот ги доживува деловите од своето тело како крајно грди, деформирани и непривлечни. Експертите го опишуваат како преокупација со замислена или минимална естетска мана која предизвикува значителна вознемиреност и го попречува функционирањето на една личност. Станува збор за искривено доживување на сопственото тело, кое се смета за психичко пореметување доколку предизвикува потешкотии во животот на човекот.
„Имам телесна дисморфија. Не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите луѓе. Нема момент во мојот живот кога го сакав своето тело. Ниту еден. Дури и кога бев мала, бев опседната со моето изглед, прашувајќи се: „Дали треба да изгледам вака?“ – откри актерката која пораснала во религиозно семејство, кое никогаш не му придавало значење на физичкиот изглед.
„Мислам дека моето патување кон поголемо самољубие никогаш нема да заврши. Можете да погледнете некого и да мислите дека таа личност е убава, а нивниот живот е секако едноставен поради тоа. Меѓутоа, многу пати тоа е многу далеку од вистината. Убавина не значи дека некој е сигурен во себе“, изјавила Меган и признала дека никогаш немала самодоверба.
Телесната дисморфија е исто така поврзана со опсесивно-компулсивно нарушување. Личноста која страда од телесна дисморфија може да биде толку фокусирана на својата физичка „мана“ што воопшто не излегува од дома затоа што не сака другите да ги гледаат. Таа е убедена дека нејзината „мана“ е значајна и истакната и често предизвикува силна емоционална болка и го попречува секојдневниот живот.
Фото: Принтскрин/WAHS/IPA