Американската актерка и модел Меган Фокс и актерот Брајан Остин Грин ставија крај на 10 годишниот брак, а како што пренесуваат странските медиуми причина за нивниот развод е раперот Машин Ган Кели.
Гласините се појавија кога Меган и Машин биле видени заедно претходната недела.
„Започнаа да се гледат како пријатели, а пријателството помина во нешто повеќе. Меган мисли дека Машин е прекрасно момче и нивниот однос се претвори во нешто романтично“ вели извор за „US Weekly“ додавајќи дека започнале да поминуваат повеќе време заедно.
„Дефинитивно се зближија и јасно и им е во кој правец одат работите“ вели истиот извор.
Брајан Остин Грин во понеделник потврди дека се тој и Меган се разделиле бидејќи во последно време биле дистанцирани поради нејзиното зачестено отсуство од домот.