Мегафон

„Однапред готово“… објави Северина во новата, заедничка песна со Петар Грашо (ВИДЕО)

„Однапред готово“… објави Северина во новата, заедничка песна со Петар Грашо (ВИДЕО)

Денес, петок, 1-ви јуни 2018 год, точно напладне хрватската поп дива Северина го промовираше своето ново видео за песната „Однапред готово“, која всушност претставува дует со нејзиниот колега Петар Грашо. Песната може да се рече дека претставува прекрасна балада, една од најдобрите во нејината кариера, и истата е најава за новиот албум кој ќе се појави на дискографскиот пазар кон крајот на месецов.

„Оваа песна не беше напишана за мене, но таа мене ме чекаше. Таа е убава, емоционална, едноставна со невообичаен крај. Ја напиша Горан Ратковиќ, композитор со кого досега не сум соработувала, но сигурна сум дека оваа песна е само почеток на нашата соработка. Текстот беше напишан од мојата пријателка, големата Марина Туцаковиќ, која со својот талент и текстови секогаш се надминува себе си и никогаш не промашува. Благодареност и на Дарко Дриновац за режијата на видеото, овва видео сум ЈАС, благодарам што ме почувствува.Им благодарам и на Матија Вуичиќ и мојот Петар Трбовиќ за прекрасната облека, на Дајани Пајкиќ, Мијо Мајхен, Јелена Балиќ… На крај сакам да ја споделам среќата со мојот пријател Петар Грашо, кој на оваа песна и го додаде оној свој уникатен зачин, кој го нема никој друг. Со оваа песна ја славиме полнолетноста на нашето пријателство. Уживајте“ – напиша Севе на својот Фејсбук профил на кој премиерно ја промовираше новата песна пуштајќи ја во етерот.

 

 

To top