Концерт насловен „Медитерански приказни“, осмислен од самиот автор Љубомир Бранѓолица, ќе се одржи во вторник (15.09) од 20 часот во Сули-ан како дел од Деновите на македонска музика во организација на СОКОМ. Овој концерт ќе биде во име на убавата музика која ги раскажува убавините и посебноста на Медитеранот.
Концертот за обоа во изведба на Татијана Петрушевска како премиерна изведба, концертот за фагот специјално напишан и посветен на Марјан Милошевски, Медитеранска свита за саксофон предводена од Стојан Димов и Античките Перли за гудачи во изведба на Камерниот оркестар на Битола ќе прозвучат во Сули Ан како дел од програмата на ДММ.