Радио Милева погрешно разбран

„Мечтаам гола да парадира низ улиците“: Колумната на контроверзниот водител за Меган Маркл ги крена сите на нозе! (фото)

„Мечтаам гола да парадира низ улиците“: Колумната на контроверзниот водител за Меган Маркл ги крена сите на нозе! (фото)

Англискиот ТВ водител и новинар Џереми Кларксон се најде на удар од жестоки критики откако напиша напис во „The Sun“ за неговата „омраза“ кон војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Повеќе од 6.000 поплаки доби регулаторното тело Ипсо за неговата статија, наведува Би-Би-Си. Написот набрзо беше отстранет од веб-страницата на „The Sun“, со порака: „По објавувањето на твитот на Џереми Кларксон, тој побара од нас да ја отстраниме минатонеделната колумна“. Во спорниот напис водителот на „Top Gear-a“ изјавил дека „од дното на душата ја мрази војвотката“.

„Не можам да спијам навечер додека лежам во кревет, стискам заби и сонувам за денот кога ќе биде принудена да парадира гола низ улиците во секој британски град додека толпата скандира „Срамота! и фрла измет по неа“, напиша тој во шокантниот твит, мислејќи на познатата сцена од серијата „Игра на тронови“.

Кларксон, исто така, напиша дека ја мрази Меган Маркл повеќе од Роуз Вест, озлогласениот  англиски сериски убиец која, заедно со нејзиниот сопруг Фред Вест, мачеше и уби многу млади жени, вклучително ја и нејзината ќерка, во текот на 1970-тите и 1980-тите.

Шкотската премиерка Никола Старџен, која во написот се споменува и како една од луѓето што ги „мрази“ ,Кларксон, ја коментираше неговата изјава како едноставно „ужасна и грозна“ и го нарече „мазогинист“. „Мислам дека она што тој го рече за Меган Маркл е типично за голем женомрзец и тоа е само ужасно и грозно. Моите емоции кон момците како Џереми Кларксон се многу сожалувачки. Мислам, што прави некој толку омразен што на крајот пишува такви работи Мислам дека тоа ни дава увид во Џереми Кларксон и каква личност е тој навистина. Можеби треба да се повлече од работите и да размисли малку повеќе за својот живот“, рече премиерката.

На крајот се огласи и самиот Џереми Кларксон кој рече дека е „згрозен што со својот текст предизвикал толку голема болка“. „О, Боже. Не сакав да ја навредам. Во колумната што ја напишав за Меган, има несмасна референца на сцената од „Игра на тронови“ и толку многу луѓе ја сфатија на погрешен начин. Страшно е што предизвикува толку болка и ќе бидам многу повнимателен во иднина“, напиша Кларксон на Твитер.

Додека, портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс одби да го коментира целиот случај, јавуваат странските медиуми.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top