Радио Милева

„Ме викаа сестрата со карминот“: Лила Филиповска откри детали од тинејџерските денови (фото)

„Ме викаа сестрата со карминот“: Лила Филиповска откри детали од тинејџерските денови (фото)

Најзгодната македонска водителка која имаме прилика да ја гледаме секој работен ден на Сител телевизија во квиз шоуто „Се или нешто“, Лила Филипоска секогаш се грижи за своето тело и својата линија.

Благодарение на разни козметички третмани, антицелулитни масажи, разновидни третмани на лицето, Лила секогаш изгледа прекрасно.

фото: Фејсбук

Неодамна таа гостуваше во емисијата „Вечер со Тијана“, каде се појави во доста провокативно издание, па ги покажа своите секси нозе и витка линија.

Тијана и даде позитивни комплименти за изгледот на Лила и истакна дека секогаш изглед топ без оглед дали е на телевизија, на кафе или во некоја опуштена атмосфера.

„Тоа е мојот начин на живот. Јас кога работев како медицинска сестра додека студирав, затоа што работев како медицинска сестра пред да почнам да работам на телевизија, ме викаа „сестрата со карминот“, затоа што при секое влегување во сестринската соба јас си го поправав карминот“, изјави Лила во емисијата.

Таа истакна дека и да не работела на телевизија секогаш ќе изгледа средено бидејќи едноставно ужива во тоа.

Инаку, Лила ја заврши успешно седмата сезона на „Се или нешто“, па од есен се очекува да започне новата сезона која повторно ќе руши рекорди.

фото: принтскрин/јутуб

To top