Познатиот пејач Радиша Трајковиќ Ѓани кој учествуваше на снимањето на новогодишна емисија, а во таа прилика откри како го заработил првиот хонорар, па се осврна и на зачестените гласини дека се разведува.
– Се сеќавам од кога живеев во Косово, еден колега кој се збогати преку ноќ ми рече да се качам на дрво и да пеам, па ќе ми даде 1.000 марки. Јас се качив и то ми даде пари. Цело Косово и Приштина зборуваа за ова. Следниот ден кога пристигнав да пеам еден човек повторно ми рече“’еве ти 1.000 марки да пееш на дрво’, а јас му велам ‘па брат, јас не сум мајмун’.
Тој се осврна и на последните информации дека неговиот брак е во криза и дека се разведува.
– За ова вие новинарите секојдневно се јавувате. Јас ја сакам Слаѓа најмногу на свет, во брак сме 27 години и тоа е глупаво прашање.
Го прашале и дали сопругата му замерува што речиси секоја вечер е во кафеана, каде алкохолот е неизбежен дел.
-Тоа е нејзин проблем, без разлика дали и замерува или не. Тоа е мојот живот, јас не сум алкохоличар.
Фото:Принтскрин/Србија Денес