Радио Милева

„Ме обзема чувство на среќа“: Овие македонски музички ѕвезди ќе се појават во новиот серијал „Дајте музика“ (фото)

„Ме обзема чувство на среќа“: Овие македонски музички ѕвезди ќе се појават во новиот серијал „Дајте музика“ (фото)

По речиси три децении од култниот едукативно-музички серијал „Дајте музика“, се снима ново продолжение на шоуто кое освен што ги забавуваше младите, им помагаше и на родителите при секојдневното воспитување на децата. Многумина се сеќаваат и со пиетет сѐ уште зборуваат за случките на Трајче, Сара, Наташа, Раде и Оливер кои освен што важеа за идоли на една генерација, беа главните протагонисти во познатото детско шоу од 1992 година „Дајте Музика“.

Овој своевремено мултимедијален проект, еден од најуспешните програмски остварувања на 90-тите, кај десетици генерации остави трајни сеќавања за едно безгрижно време, кое многумина и денес го идентификуваат со среќни детски денови претворени во дружење на улица, забава, детска игра и квалитетна музика.

Во тоа време децата кои гледаа, но и оние што учествуваа се радуваа на гостувањето на тогашните македонски музички ѕвезди кои пееја на нивната бина, а денес, новите генерации ќе ги радуваат оние кои во 90-тите беа деца, а сега се најдоа од другата страна и доживеаја едно посебно искуство и евоцирање на спомени.

фото:инстаграм/стефан филиповски

-Бевме мали кога ја гледавме оваа серија, сега и самите после толку години сме учесници во истата! Какво чувство на среќа ме обзема само што влегов во студиото кога го видов истиот или сличниот сет како што го имаше емисијата кога бевме деца… Ви посакувам успех и ова е нешто најубаво што ќе се случи во перидов што иде! Дајте музика!, пишува Стефан Филиповски од „Некст тајм“ кој заедно со својот брат Мартин се снимаа за една од новите епизоди.

фото:инстаграм/стефан филиповски

фото:инстаграм/стефан филиповски

Во копродукција на „Македонската Радио Телевизија“ и продукцијата “Рифенштал” веќе се снимаат нови триесет епизоди од серијалот „Дајте Музика“ чии автори се Лазар и Цаци Паковски. Најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која воедно е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски.

фото:Дарко Чулиќ/инстаграм/дајте музика

Останати вести од Радио Милева