Видеото на Новак Ѓоковиќ и пијанистката Лола Астанова го обиколи светот, а во истото, најдобриот српски тенисер се обиде да ги „измами“ своите следбеници во свирење пијано, а потоа да открие дека тоа е всушност Лола.
Лола Астанова повеќе пати јавно го поддржуваше Новак и изјави дека се восхитува на неговите достигнувања, додека од друга страна тој го изрази своето воодушевување за нејзините вештини во пијано.
Убавата пијанистка е по потекло од Узбекистан, а минатата година се најде во фокусот поради мистериозната врска со Стјепан Хаусер, член на „2 Cellos“ и поранешен свршеник на пејачката Јелена Розга.
Се шпекулираше дека двајцата се во страсна врска, и дека дури застанаа на „лудиот камен“, но се покажа дека тие „лажирале“ фотографиите од свадбата и дека тоа всушност е шега.
Тие молчеа за сè и не сакаа да ја коментираат нивната врска потоа.